Lenta Production

Lenta Production Креативен и несекојдневен пристап кон видео продукцијата, со помош на филмскиот јазик и филмската магија.

Лента е млада продукција, резултат на ентузијазмот на тројца филмски работници, кои сакаат филмската магија да ја пренесат во сите сегменти од визуелното изразување и рекламирање.
Креативниот тим на Лента Продукција е составен од професионалци од различни сектори од филмската индустрија. Лидија Мојсовска е дипломиран режисер на Факулетот за Драмски Уметности во Скопје, која зад себе има богато портфолио, како режисер и автор на повеќе кратки играни и документарни филмови, кои се наградувани на фестивали во Македонија и странство, а таа е и дел од филмските екипи на многу македонски режисери..
Јаков Попоски е магистрант на отсекот Сценарио и Драматургија, на филмската академија FIOFA - Охрид, која произлезе од славната прашка филмска школа FAMU. Јаков е автор на 8 краткометражни сценарија, едно сценарио за долговечерен филм и еден документарен филм. Повеќето од овие сценарија се работени под менторство на еден од најдобрите script доктори во Европа, Иво Трајков.
Раде Гогоски е магистрант на отсекот Кинематографија, на филмската академија FIOFA - Охрид, која произлезе од славната прашка филмска школа FAMU. Раде зад себе има долгогодишно професионално искуство од областа на видео и аудио продукцијата. Во соработка со неколку македонски продукции има работено на повеќе остварувања, како камерман, монтажер, режисер, тон мајстор, музички композитор и музички продуцент. Меѓу тие остварувања се 3 документарни филмови, играни филмови, повеќе музички спотови, видео серијали, соло албуми и друго.
Во краткиот период откако постои Лента има изработено:
1. Целосно медиа покрвање на четвртото издание на фестивалот “ДРИМON“ преку фотографии, снимање и монтажа на daily видеа, снимање на концерти и подготовка на документарен филм кој е во фаза на постпродукција.
2. Среднометражен документарен филм за КУД Дримкол – Вевчани со наслов „70 години фолклорна традиција во Вевчани“ во фази истражување, идеја, сценарио, предпродукција, продукција и постпродукција.
3. Краток игран филм “Флуктуација“ во фази идеја, сценарио, предпродукција, продукција и постпродукција.
4. Едукативно документарно видео за KREF во фази продукција и постпродукција. (Избран да учествува во финалето на меѓународниот натпревар на едукативни филмови КРЕФ 2017)
5. Рекламен спот за Станица Оаза, Струга, во фази идеја, сценарио, продукција и постпродукција.
6. Три музички спотови со комплетна аудио и видео предпродукција, продукција и постпродукција на истите за музичарот Игор Котески.
7. Краток документарен филм за враќањето на сцена на култната претстава „Тајната на Свештеникот“ во изведба на ветераните на аматерското драмско студио од Струга.

10/07/2026

Address

Struga
6330

Telephone

+38971228789

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Lenta Production posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Lenta Production:

Shortcuts

Share