News 24

News 24 Струмички ,портал за навремено информирање за работат?

Вести за Македонија,Струмица и струмичко ,занимливости,технологии,практични совети,креативни работи,музика,филм

Општина Струмица и Евангелско – Методистичката црква, на струмичани им приредија интересен настан со којшто ја збогатија...
01/12/2025

Општина Струмица и Евангелско – Методистичката црква, на струмичани им приредија интересен настан со којшто ја збогатија предновогодишната атмосфера.

Во нивна организација во големата сала на Центарот за култура „Антон Панов“ беше изведена музичко – сценската претстава „Божиќно Чудо“ во којашто настапи интернационална група на студенти – волонтери од повеќе европски држави.

Од името на општина Струмица, учесниците и посетителите ги поздрави Мила Велкова член на Советот, нагласувајќи дека овој исклучителен настан, потврдува дека добрата мисла и вербата во трајните вредности ги бришат сите граници и бариери меѓу луѓето.

Преку овој мјузикл се испратени силни пораки за радост и среќа во сите домови во пресрет на новогодишно – божиќните празници.

Благодарност од ОМО „Илинден“ – Благоевград до Мицкоски за поддршката од Тирана
22/11/2025

Благодарност од ОМО „Илинден“ – Благоевград до Мицкоски за поддршката од Тирана

Градскиот комитет на Обединетата македонска организација му благодари на премиерот за заложбата за Македонците во Бугарија

Сo указ на претседателката Сиљановска се отповикуваат амбасадорите во Италија, Австрија и Индија
22/11/2025

Сo указ на претседателката Сиљановска се отповикуваат амбасадорите во Италија, Австрија и Индија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова потпиша укази за отповикување на тројца македонски амбасадори и за проширување на надлежноста на четвртиот.

Добрила Kацарска бара да се укине зголемувањето од 7000ден на пензиите, а истовремено бара зголемување на платата од 100...
22/11/2025

Добрила Kацарска бара да се укине зголемувањето од 7000ден на пензиите, а истовремено бара зголемување на платата од 100.000 денари

Уставната судијка Добрила Кацарска која е позната по тоа дека преку ноќ благодарејќи на СДС стана Уставен судија, поради нејзините пресуди за 27 април, бара да се ук....

Интересно гледање на работите👇
22/11/2025

Интересно гледање на работите
👇

Случајот со денешните апсења во УЈП може да се гледа од повеќе аспекти:

- се поврзува со пожарот, а врска нема со истиот, но има позадина обвинителството да прикаже дека власта и нејзини структури се виновни за криминал во нивните редови, нешто слично како со апсењето на директорот на агенцијата за поддршка на земјоделството, а суштината е дека СДС и ДУИ ги користат инсталациите во институциите за борба против власта со подметнување, конструирани случаи, врз кои се става фокусот, за да се дефокусира нивниот криминал и да не се постапува по нивните тешки злоупотреби, а земјоделците да ги изгубат приходите зошто ЕУ ќе ги повлече кога ќе види.

- ако се вака ажурни институциите да постапат после 7-8 месеци со апсење на веќе познати лица, под претпоставка за корупција врз основа обезбедени докази од телефони што произлегле од друг кривично правен настан и кои ги има обвинителството уште од тогаш, а на чуден начин и покрај забраната од ЗКП ги споделило да бидат објавени на опозициски истражувачки медиуми пред некој месец, се поставува прашање зошто за корупција не се гони и некој од обвинителството кој ги споделил пред некој месец јавно преку одредени медиуми, па нели е и тоа корупција?!

- замислете го и ваквиот след на настани, се случува “Кочани” трагедија од невидени размери, обвинителството со месеци дреме во постапката и се креира предмет во кој сега постапуваат дури 8 обвинители кои веројатно ќе зборат во хор (ова мислам дека не е видено никаде во светот до сега и слободно Коцевски со оваа организација ќе влезе во Гинис за обвинители по глава на предмет - осум - за да манифестира сила или што?) а ваму се жали немал обвинители. Исто чудно е како ќе постапуваат овие сите во тимот кога таму има и основни и виши обвинители нели постои утре жалбена постапка и нели се нарушува системот на двостепеност, вишите постапуваат пред Апелационен суд?!

- за да биде трагедијата поголема иако Коцевски и неговото обвинителство знае за денес уапсениве уште пред месеци во Судскиот совет (оној корумпираниот на Весна Дамева, нели) се бира ВД претседател на Кривичниот суд и тоа сестрата на денес еден од уапсените од УЈП, ама пред да се дознае дека нејзиниот брат е инволвиран во некакви пораки кои наводно укажуваат на корупција?! И ете ти комуњарско сценарио и стратегија, ние ја избравме ама таа е “ваша”(објавија која била и каде работела) и еве брат и фатен во корупција “со докази”, а предметов за пожарот се суди таму во Кривичен, пак власта демек мести нешто?! Клопка до клопка!!!

- да беа Коцевски и неговите обвинители толку ажурни да ги одземеа денес сите телефони по оваа пракса од цела администрација или еве цела УЈП, па и од целото правосудство судии и обвинители што мислите колку уапсени ќе имаше денес? Ама неее Коцевски и правосудството се тука фокусирани!

Мислам дека институциите со криминални инсталации сериозно и објавија војна на Владата. Во позадина седат други инсталации на длабоката држава кодошат по амбасадите и спремаат извештаи за новиот извештај на ЕУ за 2026, 2027…

Само размислувам… 🎪
ФБ Статус : Владимир Панчевски
(Екс Претседател во Кривичен Суд)

СПОДЕЛУВАЈТЕ ИТНО: ПОТРЕБЕН ДОНАТОР НА ГРАНУЛОЦИТИ A+ ЗА 10-ГОДИШНИОТ НИКОЛА ОД БОСИЛОВО - ДОНАТОРОТ МОРА ДА БИДЕ ТУРСКИ...
22/11/2025

СПОДЕЛУВАЈТЕ ИТНО: ПОТРЕБЕН ДОНАТОР НА ГРАНУЛОЦИТИ A+ ЗА 10-ГОДИШНИОТ НИКОЛА ОД БОСИЛОВО - ДОНАТОРОТ МОРА ДА БИДЕ ТУРСКИ ДРЖАВЈАНИН ИЛИ ЛИЦЕ КОЕ ПОСЕДУВА ВАЖЕЧКА ВИЗА ЗА ПРЕСТОЈ ВО ТУРЦИЈА!

На десетгодишниот Никола Черкензов од Босилово, кој веќе четири години храбро се бори со леукемија, итно му се потребни гранулоцити од крвна група A+. Никола моментално се лекува во болницата Medical Park Bahçelievler Hospital во Истанбул, Турција, а секоја помош во овој момент може да биде пресудна за неговото здравје и живот.

Според информациите од семејството, донаторот мора да биде турски државјанин или лице кое поседува важечка виза за престој во Турција. Апелот е упатен до сите хумани луѓе со крвна група A+ кои живеат или престојуваат во Истанбул, да се обратат до клиниката и да помогнат во најважната битка на малиот Никола.

Семејството и пријателите на Никола ги замолуваат и сите граѓани што имаат роднини, пријатели или познаници во Истанбул, да ја споделат оваа информација – можеби токму некој од нив ќе може да помогне и да стане потенцијален донатор.

За дополнителни информации и контакт со клиниката и семејството, објавени се следните телефонски броеви:

Азра: +90 536 888 92 51

Дилек: +90 543 897 09 94

Валентина, мајката на Никола: +389 70 420 603 (WhatsApp, Viber)

Семејството на Никола од срце им се заблагодарува на сите што ќе ја споделат информацијата, како и на сите кои ќе се обидат да помогнат во оваа хумана мисија. 🙏❤️

ЛОКАЦИЈА НА БОЛНИЦАТА: https://www.google.com/maps/place/Medical+Park+Bah%C3%A7elievler+Hospital/@40.995957,28.8636575,885m/data=!3m1!1e3!4m6!3m5!1s0x14caa4ad4f4032bd:0x6815e87293ec71da!8m2!3d40.9957004!4d28.8634886!16s%2Fg%2F113h3966x?entry=ttu&g_ep=EgoyMDI1MTExNy4wIKXMDSoASAFQAw%3D%3D

КИРЕ СИНДРАКОВСКИ НОВ ДИРЕКТОР НА ЈПКД „КОМУНАЛЕЦ“ – СТРУМИЦА
22/11/2025

КИРЕ СИНДРАКОВСКИ НОВ ДИРЕКТОР НА ЈПКД „КОМУНАЛЕЦ“ – СТРУМИЦА

Кире Синдраковски е назначен за нов директор на ЈПКД „Комуналец“ – Струмица. Роден во 1978 година, тој е дипломиран машински инженер при Универзитетот „Св. Кирил и ....

Градоначалникот Јанков избран за претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион
22/11/2025

Градоначалникот Јанков избран за претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион

Градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков, на денешната седница е избран за претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион. На седницата ...

Советникот Владимир Ристов именуван за заменик на градоначалникот на општина Струмица
22/11/2025

Советникот Владимир Ристов именуван за заменик на градоначалникот на општина Струмица

Во согласност со член 52, став 5 од Законот за локална самоуправа, градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков го именуваше советникот Владимир Ристов за замен...

22/11/2025

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО ВИКТОРИЈА
ВО МЕЛБУРН СЕ ОДРЖА ДВАНАЕСЕТТИОТ МАКЕДОНСКИ ФЕСТИВАЛ НА ХРАНАТА

Во организација на Македонско австралиската заедница во Мелбурн, на 16 ноември се одржа традиционалниот Дванаесетти Македонски фестивал на храната во Sydenham park socer club.
Организаторите презадоволни, посетителите воодушевени од успешната презентација на македонската храна, култура и традиција со рекорден број на посетители.
- И по дванаесеетти пат потврдивме дека сме организирани, сложни и ја сакаме, негуваме, продолжуваме македонската традиција, иако далеку од родната земја Македонија, - изјави организаторот.
Имаше премногу штандови со македонска храна, пијалоци и добри книги за читателите, секому според вкусот.
Присутните проследија импресивни настапи на македонските културно уметнички друштва "Јане Сандански", "Гоце Делчев" и "Светлост", Ротари бенд, Георгита Ротари, Петар Дамчевски, Тијана Степановска и Новица Василевски.

Address

Media 24 Online Network Macedonia
Strumica
2400

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when News 24 posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share

Our Story

Вести за Струмица,Македонија,занимливости,технологии,практични совети,креативни работи,музика,филм