01/06/2026
Сѐ почесто денес клиентите доаѓаат со желба да се гледа дека користат AI, затоа што тоа е брзо, достапно, „модерно“ и сите го користат.
Но проблемот настанува кога сите почнуваат да ги користат истите алатки, истите трендови и истите формули за содржина.
Тогаш сѐ почнува да изгледа исто.
Клиентите мислат дека можат сами затоа што знаат да напишат prompt во ChatGPT. И толку. Денес многумина мислат дека тоа е доволно и дека не им треба ниту дизајнер, ниту social media менаџер.
Кога сите користат AI, а никој не инвестира во social media менаџер — содржината почнува да звучи исто, брендовите го губат својот идентитет, а публиката повеќе не ја чувствува разликата помеѓу профилите.
Визуелите станаа исти, со неквалитетни фонтови и фотографии. Истите визуели денес се користат за пекари, beauty центри, цвеќари, доктори, механичари…
Дали навистина некој што вложил толку време, труд и пари во својот бизнис го сака тоа?
📌 Prompt во ChatGPT не е единствениот начин да користиш AI.
AI може да помогне и да го забрза процесот.
Но треба да знаеш и како правилно да го користиш.
Затоа што AI не може да ја замени креативноста, стратегијата и чувството за луѓе.
Добрата содржина не е само убав визуел и добар prompt.
Добрата содржина е кога луѓето ќе го почувствуваат брендот зад објавата.