Дума.мк

Дума.мк Бидете информирани со duma.mk

Портал оживеан од обичниот, мал голем човек. Осмислен од секојдневието, создаден и пресоздаден од вистинските приказни на повардарието. Градовите и селата, малите и големи тајни, безценетите вредности, неоткриените мистерии, секојдневните проблеми, препреките и предизвиците, светлото и темното, поттикот и ударот на животот ...Сето она што го прави Вардарскиот регион вистинското срце на Македонија.
Тргнувајќи од Вас ќе се трудиме да бидеме поразлични, поисполнителни, вистински посветени на секоја нијанса на животот во регионот. Обичниот граѓанин е суштината на дума.мк. Затоа решивме да го доловиме преку вистинските приказни да Ве направиме активни учесници во светот на објективното информирање. Секогаш остануваме отворени за Вашите приказни, коментари, предлози, реакции и идеи. Од Вас за Вас, дума.мк, е гласот на Вардарскиот регион дома и во светот, трагач по човечките вредности во центарот на Македонија.

„Дума.мк известува и доловува!“
e-mail: [email protected]
Ве очекуваме

Сончево и топло, попладне можен пороен дождВремето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност, а ќе д...
10/09/2026

Сончево и топло, попладне можен пороен дожд
Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во попладневните часови локално ќе се развива нестабилна облачност, која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Утринските температури ќе се движат од 11 до 17 Целзиусови степени, а дневните ќе достигнат од 29 до 35 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.👇👇👇

https://duma.mk/vesti-2/sonchevo-i-toplo-popladne-mozhen-poroen-dozhd/

 #Думамквести #Спорт #Фудбал
10/09/2026

#Думамквести
#Спорт
#Фудбал

Меѓу 50-сетте фудбалери од Европа и светот, кои што низ изминатите години и децении оставиле трага во играта, постигнувањето голови и победи на најтрофејниот полски ...

Започна откупот на сончоглед во велешка Маслодајна, менаџментот пред непланиран предизвик – опомени за паркираните камио...
09/09/2026

Започна откупот на сончоглед во велешка Маслодајна, менаџментот пред непланиран предизвик – опомени за паркираните камионџии од полицијата
Првите камиони товарени со овогодишeн род од македонските ниви стигнаа пред најголемиот македонски производител на масло за јадење од сончоглед. Велешки „Кристал 1923-та“ годинава очекува да откупи околу 5 илјади тони сончоглед за произвотство на 3 илјади тони масло за јадење. Откупната цена изнесува 30 денари за килограм со ДДВ.
Но, за прв пат годинава менаџментот на Маслодајна се разубедува со велешката полиција да не ги казнува камионџиите кои паркираат на една коловозна лента на улицата „Алексо Демниевски Бауман“, пред нивната капија.

„Станува збор за паркирање на кракот од улица Алексо Демниевски кој се користи за сообраќај кон Железничка станица. Значи тоа е истата улица што со децении се користи во период од два месеци, додека трае откупот. Не знаеме што годинава се случи, каква е оваа промена и кому сметаат камионите кои одеднаш не можеме да ги примиме во нашиот двор. Инаку за да не создаваме метеж, на кракот од истата улица, пред поранешен Жито Вардар и во правец кон поранешна Топилница, кој е многу фрекфентен, ние одлучивме да не се паркираат таму камионите за да влегуваат од горната капија,“ соопштија од „Кристал 1923“.

Дума.мк испрати прашање до Сектор з внатрешни работи (СВР) Велес и прашаше „кому сметаат камионите со сончоглед ако традиционално секоја година, низ децении, на една лента се паркирани и според распоред за влез во дворот на компанијата, им биле дадени инструкции тие сепак на три паркирани камиони да оставаат простор за застанување на автомобили“.👇👇👇

https://duma.mk/region/zapochna-otkupot-na-sonchogled-vo-veleshka-maslodajna-menadzhmentot-pred-neplaniran-predizvik-opomeni-za-parkiranite-kamiondzhii-od-policijata/

https://duma.mk/region/ushte-eden-veleshanec-pronajden-mrtov-ovoj-pat-vo-domot/
09/09/2026

https://duma.mk/region/ushte-eden-veleshanec-pronajden-mrtov-ovoj-pat-vo-domot/

Во Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес, вчера вечер, во 21:30 часот било пријавено дека во домот во Велес бил пронајден починат М.Т.(66) од Велес. Лекар од Итна медицинс...

Денеска ќе биде сончево и топло додека утре најави за дождВремето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен вете...
08/09/2026

Денеска ќе биде сончево и топло додека утре најави за дожд

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 36 степени.

Во Скопје, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Утре и задутре претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, а попладне наместа се најавува пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

До крајот на оваа седмица наместа ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопштија од Управа за хидрометеоролошки работи.👇👇👇
https://duma.mk/vesti-2/deneska-kje-bide-sonchevo-i-toplo-dodeka-utre-najavi-za-dozhd/

На доброволните пожарникари од Општина Чашка им е потребна помошПрво беа петмина па двојно го зголемија бројот на добров...
07/09/2026

На доброволните пожарникари од Општина Чашка им е потребна помош
Прво беа петмина па двојно го зголемија бројот на доброволци во Против пожарно друштво (ДПД) „Бабуна“ во Чашка. Сега се 20 и гаснеа четири пожари. Очекуваат одлука на уште петмина жители за доброволци од населените места за учество во секаков вид на елементарни непогоди на една од најголемите по територија општини во државата.

Оваа група на доброволци, граѓани од општина Чашка, без било каков надомест одлучи да се одзива штом ја повикаат во било кое време на денот или ноќта. Штом има потреба од помош засега ги земаат од дома мотиките, копачите, лопатите и облекуваат стари работнички одела. Кој има пумпа за прскање ја зема со себе и неа. Тргнуваат со сопствените возила, бензинот никој не им го плаќа, но стигнуваат таму каде што е потребно.

Но потребни ни се донации во заштитна опрема, пумпи за вода и теренско возило за да продолжиме да се озиваме на секој повик, вели Петре Костовски од Чашка.

„Моментално испаѓаме со наши работнички алишта. Имаме нешто грибли и некоја мотика, можеме со лопати, делуваме со рачни пумпи за на грб што се носат. Да добиеме едно теренско возило за да делуваме затоа што нашите лични возила се пониски и потребно ни е возило за да стигнеме на секое место.“
Костовски додаде дека биле повикани од Градоначалникот Суат Шакиров и разговарале за финансиска поддршка како и друга помош.

За ДПД „Бабина“ знае и Дирекцијата за заштита и спасување. И оттаму најавиле поддршка но дури кога ќе се ревидираат документите во Централен регистер и поврторно граѓанското здружение ќе добие статус на организација.

До тогаш на пожарникарите доброволци потребна им е помош. Нивните барања можеби ќе ги слушнат фирмите па ќе одлучат да им подарат ХТЗ опрема и по некој денар.👇👇👇

Address

Blagoj Necev Br 66
Veles
1400

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Дума.мк posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Дума.мк:

Shortcuts

Share