22/03/2023
“О, верници! Ви се пропишува пост, како што им е пропишан и на тие пред вас, за да бидете богобојазни.“ (Ел Бекара 183)
Постот не е пропишан за да гладуваме, туку за да се стекнеме со богобојазност, да сочуствуваме со другите, да видиме како им е на оние што немаат, да размислиме за благодатите кои ги поседуваме а не сме свесни за нив, да останеме малку сами и да направиме калкулација со своето време, со своите дела, со својот живот, да се стекнеме со повеќе дела со кои би го сретнале Господарот на сите светови и да го искористиме максимално во подобрување на нашиот живот.
А колкава е вредноста на рамазан ни укажува и една изрека од еден познат исламски научник кој вели: "Се колнам во Аллах, кога би им било речено на оние во гробовите да посакаат нешто, би посакале само еден ден од рамазан."