Guns Macedonia

  • Home
  • Guns Macedonia

Guns Macedonia Прва и единствена страна за ширење на културата на оружје во Македонија 🇲🇰🇲🇰🇲🇰

АИ вика вака ќе сме прославувале денес 😁
01/05/2026

АИ вика вака ќе сме прославувале денес 😁

Хобито не смее да страда 🤣
25/04/2026

Хобито не смее да страда 🤣

Макаров - Џејмс Бонд пиштолот зад Железната Завеса 😀 Додека Западот го имаше моделот PPK, Советите и нивните сојузници г...
19/04/2026

Макаров - Џејмс Бонд пиштолот зад Железната Завеса 😀 Додека Западот го имаше моделот PPK, Советите и нивните сојузници го развија овој робустен пиштол во калибарот 9x18mm како свој дефинитивен стандард. Усвоен во 1951 година, тој служеше како примарно оружје на воените и полициските сили низ целиот Источен блок, а неговото производство се прошири од Русија до Источна Германија, Бугарија и Кина.

​Дури и денес, децении по неговото појавување, Макаровиот останува релевантно оружје. Тој моментално гледа сериозна употреба на двете страни во војната во Украина, користен од војниците на првата линија, територијалната одбрана и екипажите на возила кои ја ценат неговата компактна големина и легендарна издржливост. Ова е редок пример за дизајн стар 75 години кој сè уште се држи во модерен активен конфликт.

​Генијалноста на пиштолот лежи во неговата едноставност, со само 27 делови кои гарантираат дека ќе функционира во секакви услови. Користи уникатен калибар 9x18mm, кој беше специјално дизајниран да биде најмоќниот можен куршум за овој систем на операција. Бидејќи зрното е малку пошироко од западниот 9mm, тоа е калибар сам за себе. Без разлика дали се работи за прецизно изработената источногерманска варијанта или за борбено докажаниот бугарски модел, Макаров останува ремек-дело на инженерството од ерата на Студената војна.
На сликите покрај оригиналната прва слика може да видите кој се го користеше како и борбениот комплет на соборен руски пилот за време на Украинската Војна каде гледаме уште активна употреба на овој легендарен пиштол!


🇲🇰

Спрингфилд ​SA-35: Враќање на легендата што го дефинираше модерниот пиштол ⚡​Ако 1911 е класика, тогаш Browning Hi-Power...
18/04/2026

Спрингфилд ​SA-35: Враќање на легендата што го дефинираше модерниот пиштол ⚡

​Ако 1911 е класика, тогаш Browning Hi-Power е револуцијата што го промени текот на историјата. Springfield со својот модел SA-35 направи вистинско „Воскреснување“ на овој легендарен дизајн на Џон Браунинг, кој со децении беше златен стандард за војските ширум светот.

​Ова не е само уште еден пиштол — ова е таткото на таканаречените 'Чудесни Деветки' (Wonder Nines). Тоа е терминот што се појави кога светот сфати дека можеш да имаш проверен и сигурен 9мм пиштол со голем капацитет. Додека другите дизајни во тоа време нудеа капацитет од 7 или 8 куршуми, овој дизајн донесе 13 (а кај овој нов модел дури 15), поставувајќи ги темелите за сето она што го користиме денес.

Класичниот Hi-Power е веројатно најупотребуваниот воен пиштол во историјата - го користеле над 50 држави. Од рововите во Втората светска војна, па сè до модерните конфликти, овој дизајн докажа дека челикот и ергономијата се безвременски. Springfield го задржа тој „old-school“ изглед, но ги исправи грешките од минатото - го извадија маг-дисконектот(пишточот не функционираше доколку се извади магацинот што нас ни е добро познато од ттец дизајнот) за подобар окидач и го средија петлето за да не ни ги 'каса' рацете при користење

​Искрено, повеќе компании треба да го следат овој пример. Наместо само нови пластични модели, добро би било да се враќаат и некои класични дизајни, овој модел докажа дека за нив има пазар и многу заинтересирани купувачи

​Што мислите вие? Кој друг историски модел би сакале да го видите во вакво ново, освежено издание? Можеби некој стар Лугер или некоја класична Берета?
​Пишете во коментар! 👇

​Hashtags:

🇲🇰

Heckler & Koch USP SD - сите кои се запознати со овој бренд знаат дека станува збор за еден од најквалитетните пиштоли н...
10/04/2026

Heckler & Koch USP SD - сите кои се запознати со овој бренд знаат дека станува збор за еден од најквалитетните пиштоли на европскиот пазар.И покрај тоа што се работи за дизајн од 1993та(генерација со админот) овој дизајн се носи рамо до рамо и со многу понови и помодерни дизајни а некој дури би рекле дека е предводник на пазарот. На фотографијата гледаме SD верзијата со цевка со навој и повисоки нишани наменет да се користи со пригушувач на звук (SD значи Schalldämpfer односно пригушувач на звук на Германски)

Поради високата продажна цена овој пиштол неможеше да биде широко прифатен како на пример Глок ама затоа може да се сретне во рацете на многу елитни единици како единиците на Полска, Франција, Германија, САД и Шпанија каде високата цена е оправдана инвестиција.

Пригушувачот е SilencerCo Osprey 9 2.0 - со овој дизајн добиваш нешто малку поразлично од класиката која ја нуди Х&К — офсет дизајн што не ти пречи при нишанење и дава многу чист пиглед на нишанската линија(секој кој користел пригушувач на стандардно оружје знае колку пречат во нишанската линија па затоа постојат СД модели со приспособени нишани)

П.С. Фотографијата е направена во Америка каде ваквите додатоци се легални. Се надеваме дека наскоро и кај нас во Македонија ќе стапи во сила закон што ќе овозможи легална употреба на пригушувачи.

🇲🇰 #оружје

1911 е еден од оние дизајни што никогаш не стареат. Дури и овде на Балканот, каде што ретко се гледа, сепак делува позна...
05/04/2026

1911 е еден од оние дизајни што никогаш не стареат.

Дури и овде на Балканот, каде што ретко се гледа, сепак делува познато - од Втората светска војна, па сè до рацете на филмските гангстери, верен 'партнер' на нашите омилени ликови во филмови како The Untouchables со Кевин Костнер и Saving Private Ryan.

Овој модел на Ремингтон го задржува тој old-school дух, но го носи во поприфатлива за нас 9мм варијанта. Ги има препознатливите карактеристики - grip safety и чист single-action окидач - сè што го прави 1911 тоа што е.

Секако, си има и минуси како и секој дизајн кој е стар 100 и повеќе години. Еден таков недостаток е едноредниот магацин кој има помал капацотет во споредба со модерните пишттоли на кои сме навикнати.

Кај нас во Македонија, 1911 сè уште делува егзотично — не е нешто што се гледа секој ден. И можеби токму затоа се издвојува.

Милениалс како ви се колената? 🤣
04/04/2026

Милениалс како ви се колената? 🤣

Од почетник до стрелец – сите некаде почнуваме. Со кое оружје започна твојата приказна?
24/08/2025

Од почетник до стрелец – сите некаде почнуваме. Со кое оружје започна твојата приказна?

На барање на многу од вас кои ни пишуваа за процедурата и како таа се одвива изработивме водич за набавка на огнено оруж...
18/08/2025

На барање на многу од вас кои ни пишуваа за процедурата и како таа се одвива изработивме водич за набавка на огнено оружје во Македонија. Ако знаете некој кој би сакал да ја знае процедурата слободно испратете му го водичот или тагнете го во коментар 😁 Доколку сакате да направиме детален водич за онлајн апликацијата пишете ни во коментар 💪

Оваа недела со едно малку потешко прашање 😁 Погодете го пиштолот!
01/08/2025

Оваа недела со едно малку потешко прашање 😁 Погодете го пиштолот!

Address


Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Guns Macedonia posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

  • Want your business to be the top-listed Media Company?

Share