TERA TV

TERA TV На страната на гледачите 📺
www.tera.mk

Вашите коментари за информациите кои што ги објавуваме се добредојдени, но порталот Тера.Мк согласно својата уредувачка политика, го задржува правото да ги отстрани оние коментари кои содржат повикување на верска, расна, национална омраза, содржат директни повици на насилство или пак дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба.

Битола ќе спроведе вонредно прскање против комарциПоради зголемениот епидемиолошки ризик и прогласената епидемија на Зап...
13/08/2026

Битола ќе спроведе вонредно прскање против комарци

Поради зголемениот епидемиолошки ризик и прогласената епидемија на Западнонилска треска во дел од Скопје, Општина Битола воведува дополнителни мерки за контрола на комарците.
По консултација со Центарот за јавно здравје, ќе се спроведе вонредна ларвицидна, односно третирање против ларвите на комарците, и адултицидна дезинсекција, односно прскање против возрасните комарци.

Дополнителното третирање против ларви на комарци ќе се спроведе на 19 август, додека прскањето против возрасни комарци ќе се реализира во периодот од 23 до 27 август, согласно условите и динамиката на теренските активности.

Од Општината информираат дека редовните активности за дезинсекција за годинава веќе се реализирани. Заклучно со 9 август, спроведени се три третирања против ларви и три прскања против возрасни комарци, согласно Планот и Програмата за спроведување на мерките и стручните препораки на Центарот за јавно здравје.

Дополнителните третмани се превентивна мерка за намалување на бројноста на комарците и ризикот од пренос на Западнонилската треска, особено во услови на поволни временски услови за нивно размножување и развој.

Од Општина Битола велат дека во соработка со Центарот за јавно здравје ја следат епидемиолошката состојба и, согласно стручните препораки и проценката на ризикот, ќе продолжат да преземаат превентивни мерки.

Воедно, се апелира до граѓаните да ја отстрануваат застојаната вода од дворови, тераси, саксии, садови и други места каде што можат да се размножуваат комарците, како и да користат заштитни мрежи и други мерки за лична заштита од убоди.

„Пелистер“ по секоја цена мора да игра на стадионот „Петар Милошевски“?!Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и неј...
13/08/2026

„Пелистер“ по секоја цена мора да игра на стадионот „Петар Милошевски“?!

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и нејзината Натпреварувачка комисија најверојатно ќе му дозволат на Фудбалскиот клуб „Пелистер“ наместо во редовниот саботен денски термин, натпреварот од првото коло во Втората македонска лига да го игра в недела, во вечерен термин од 20:00 часот. Битолскиот клуб под рефлектори ќе ја отвори сезоната со клубот Камјани од тетовското дело Камењане. Официјално, клубот најавува дека со вечерен спектакл треба да се најави враќањето на „Пелистер “во Првата лига, а неофицијално зад оваа напредна „козметика“ се крие уште еден обид да се спаси уништениот терен за игра.

Јавна тајна во фудбалските кулоари е дека терминот се преместува за да се добијат екстра 24 до 30 часа во кои очајнички ќе се купува време за колку-толку да се ревитализира очајната трева на теренот. И ФФМ, која со години се фали со инфраструктурни проекти, дозволи стадионот „Петар Милошевски“ да личи на ораница, па сега мора со ноќни термини и рефлектори се обидува да го скрие срамниот квалитет на подлогата од очите на пошироката јавност. И под рефлектори дупките на теренот нема магично да исчезнат.

Решеноста на ФК „Пелистер“, а веројатно и на сопственикот на клубот – Општина Битола, првенството да биде отворено на теренот кој свесно или не го запустија, макар натпреварот се играл и навечер, паѓа директно на грбот на клубот и буџетот. Дали некој воопшто прашува колку чини овој ноќен луксуз? Според актуелниот ценовник на Општина Битола, играњето во Втора лига во вечерен термин, заедно со дополнителното вклучување на рефлекторите, ќе го чини ФК „Пелистер“ точно 26.175 денари. Сума која дури и за македонски услови е поднослива, но нели е тоа непотребно расфрлање со пари за клуб кој во март годинава имаше 3.606.610 денари неплатени обврски!

Среќа во несреќа е што не се усвои новиот ценовник за користење на спортските објекти што го предлагаше Општина Битола пред некој месец. Со него беше предвидено сумата за рефлектори од 12.300 да се зголеми на неверојатни 235.587 денари. Така, овој ноќен натпревар на „Пелистер“ во првото коло од Втората лига против ФК „Камјани“ од село Камењане ќе чинеше фрапантни 263.262 денари!

Но, на крајот на денот, јасно е дека секое задоволство се плаќа, па така и тоа да се игра фудбал под силното светло на рефлекторите. За ФК „Пелистер“ и за Општина Битола како негов сопственик, овие моментални 26.000 денари веројатно не се никаков проблем. Без разлика во каква финансиска состојба се наоѓа клубот и со какви долгови се бори, општината е богата, “плаќа – не прашва“. Битола великодушно ќе го одврзе ќесето и ќе плати ноќен спектакл, па макар на стадионот под рефлектори гостувал и некој анонимен тим од некое тетовско село. Важно е привидниот луксуз да се продолжи, тревата некако да се замаскира, а цената... цената ја плаќаат битолчани.

Колку сме подготвени за сезоната на пожари? Пожарот што синоќа избувна во битолскиот дел на Пелагонија, во атарот на сел...
13/08/2026

Колку сме подготвени за сезоната на пожари?

Пожарот што синоќа избувна во битолскиот дел на Пелагонија, во атарот на село Кременица, Општина Новаци, го стави регионот повторно на тест во периодот кога високите температури и сувата вегетација го зголемуваат ризикот од пожари.

Според информациите од Центарот за управување со кризи, пожарот зафатил поголема површина, но утрово бил ставен под контрола. Тоа не е случај со пожарот во атарот на селото Маково и атарот на селото Лознани во Општина Могила, кои според надлежните сеуште се активни.

Кременица веќе има искуство со пожари во земјоделскиот простор.
Во септември 2024 година, СВР Битола поднесе кривична пријава против жител на селото поради сомнение дека запалил стрниште, по што пожарот, потпомогнат од ветерот, се проширил на соседни ниви. Во истиот период полицијата привела и друг жител на Кременица кој бил затекнат како пали оган во близина на фабрика за вода, по што избувнал пожар на сува трева.

Случаите покажуваат дека опасноста во Пелагонија не доаѓа само од високите температури. Човечкиот фактор е еден од сериозните ризици. Запалено стрниште, фрлена цигара, оган оставен без надзор или искра од земјоделска механизација можат за кратко време да предизвикаат пожар на голема површина, особено кога вегетацијата е сува и дува ветер.

Затоа вистинскиот тест за системот не е само како ќе се справи со еден пожар, туку што би се случило доколку во исто време избувнат неколку пожари на различни места во Пелагонија.

До крајот на летото има уште недели во кои ризикот останува висок. Наместо по секој пожар повторно да ги броиме изгорените хектари, можеби е време да провериме каде се најризичните точки во Пелагонија, колку пожари имало во последните години и колкав дел од нив биле предизвикани од човечки фактор. Прашањето не е само дали повторно ќе има пожар, туку колку брзо ќе биде откриен и колку брзо ќе може да биде ставен под контрола.

Уапсени двајца потпалувачи на пожари во Пелагонија додека целата земја е под висок ризик од огнена стихијаБитолскиот сек...
13/08/2026

Уапсени двајца потпалувачи на пожари во Пелагонија додека целата земја е под висок ризик од огнена стихија

Битолскиот сектор за внатрешни работи лиши од слобода две лица кои се сомничат за подметнување пожари на отворен простор. Апсењата доаѓаат во период кога земјата се соочува со екстремно високи температури и максимален ризик од избувнување на огнени стихии.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера околу 17:00 часот, во селото Сарандиново, општина Долнени, прилепската полиција го лишила од слобода и 76-годишниот Г.А. од Скопје, кој се сомничи за предизвикување пожари на отворен простор.

Истиот ден во селото Грешница, општина Македонски Брод, полициски службеници лишиле од слобода 45-годишник од истото село. Тој се сомничи дека во повеќе наврати подметнувал пожари на отворено, а бил затекнат на дело од страна на полицијата на подрачјето помеѓу селата Грешница и Слатина додека повторно палел оган.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите, против двете лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Овие инциденти се случуваат во услови кога според најновиот преглед на Македонскиот информациски систем за шумски пожари, речиси целата територија на државата е означена со висок метеоролошки индекс за опасност од пожари.

Надлежните апелираат до граѓаните на максимална внимателност, да се избегнува движење и престој во шумските предели во најтоплите периоди од денот и строго да се почитуваат забраните за палење оган на отворен простор.

КАРАВАНОТ „СИЛНО СВЕТНАЛ ДЕН„ СИНОЌА ВО БИТОЛАМузичкиот караван по повод 35 годишнината од независноста на Македонија си...
12/08/2026

КАРАВАНОТ „СИЛНО СВЕТНАЛ ДЕН„ СИНОЌА ВО БИТОЛА

Музичкиот караван по повод 35 годишнината од независноста на Македонија синоќа беше во Битола. Прозвучија цитати од македонските врвни поети, писатели, есеисти, а истовремено и македонските евергрини, шлагер и песни од музичката сцена на оваа генерација.

Платото пред Офицерскиот дом во Битола беше претесно да ги прими сите битолчани и гости кои дојдоа да бидат дел од синоќешниот културен спектакл. Публиката во целост го исполни просторот, а многумина следеа и од пошироката околина, исполнувајќи го секое можно место околу еден од најпрепознатливите симболи на градот.

За да му се овозможи на секој посетител беспрекорен поглед кон сцената, беа поставени два големи екрани, со што атмосферскиот настан за кој се бараше место повеќе стана достапен за сите присутни. Влезот за сите посетители беше слободен.

https://youtu.be/6Qeu4XI7K_o?si=VrMcZJ0RY2zZbjwh

НАМЕСТО ДЕНСКИ, ФК ПЕЛИСТЕР ЌЕ ИГРА НОЌНОДали реакциите во јавноста за сеуште жолтиот наместо зелен терен на битолскиот ...
12/08/2026

НАМЕСТО ДЕНСКИ, ФК ПЕЛИСТЕР ЌЕ ИГРА НОЌНО

Дали реакциите во јавноста за сеуште жолтиот наместо зелен терен на битолскиот стадион по концертите ги принудија одлуките во Општина Битола како соспственик на стадионот да го турнат ФК Пелистер во ноќна игра или топлото време?
Денеска контактиравме со ФФМ, оттаму најавуваат поддршка, а Пелистер под рефлектори го отвара првенството .
Повеќе на:
https://tera.mk/%d0%bd%d0%b0%d0%bc%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%be-%d0%b4%d0%b5%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%84%d0%ba-%d0%bf%d0%b5%d0%bb%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b5%d1%80-%d1%9c%d0%b5-%d0%b8%d0%b3%d1%80%d0%b0-%d0%bd%d0%be%d1%9c/

Прекршена канделабра и импровизирани кабли опасност кај дрвеното мостче„Висок товарен камион помина по уличката, закачи ...
11/08/2026

Прекршена канделабра и импровизирани кабли опасност кај дрвеното мостче

„Висок товарен камион помина по уличката, закачи еден од каблите и којзнае како ја зафати крошната на канделабрата и ја прекрши“. Ова е реакцијата на граѓанин кој уште синоќа ги испратил сликите во редакцијата на ТЕРА.

Денешните снимки на репортерската камера покажуваат загрижувачка сосојба- импровизирано изведени инсталации, кабли кои извираат од електрично сандуче, преминуваат преку дрвјата и нивнита гранки и главно ниско се поставени покрај самиот коловоз. Едни жици одат се до зградата кадето се сместени подрачните министерства, други - до Безистенот. Но најопасни се сметаат тие коишто се префрлаат преку коритото на реката, обезбедуваат телефонија или струја во дуќаните наспроти и се враќаат назад.

Повеќе на tera.mk

11/08/2026

Кој рече дека за плажа мора да има море?

На Пелистер, на 2.218 метри надморска височина, плажата изгледа малку поинаку. Наместо чадори и лежалки – планински врвови, наместо морски бранови – тишина, а наместо солена вода – студена планинска вода.

За некого совршено место за одмор. За друг, идеална прилика за фотографија. А за најхрабрите, можеби и за кратко разладување во езерската вода.

Деновиве температурата на водата достигна и до 20тина степени.

11/08/2026

Неизвесен стартот на ФК „Пелистер“-тревата на теренот засега жолта

Итните мерки за санација на ЈКП „Комуналец“ се уште во тек, но времето притиска, 15 август е денот кога оваа сега жолто-зелена површина треба да биде комплетно зелена. И сува. Ревитализацијата подразбира и така е видливо деновиве употреба на многу вода, а тоа не го прави теренот погоден за фудбалски натпревар, без разлика во која лига игра фудбалскиот клуб што го корисити како свој.

повеќе на tera.mk

11/08/2026

Граѓанска реакција: опасна по живот канделабра

Граѓани денеска во Тера испратија фотографии направени синоќа. Скршена4а канделабра претставува опасност за минувачите и сите кои користат струка од каблите што синоќа виле наводно устргани од висок товарен камион. Денеска состојбата беше идентична.
Ова е сериозен ризик за минувачите и сообраќајот, локацијата досега не е ни оградена ниту пак надлежните дошле по пријава на граѓаните од синоќа.

Address

Janko Paligora Bb
Bitola
7000

Telephone

+38947258080

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when TERA TV posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to TERA TV:

Shortcuts

Share